Препорака за преговори има, студен туш за медиумите на СОРОС

Студен туш за медиумите на Фондацијата Отворено Општество- Македонија (ФООМ) во земјава, откако Европската комисија денеска и официјално даде шеста последователна препорака за Република Македонија да ги почне преговорите за членство во Европската унија. Препораката остана, пораз претрпеа оние кои беа против неа.

Во изминатиот период, медиумите финансирани од СОРОС секојдневно ширеа фама и навиваа губење на препораката, а во последните денови нивните извештаи содржеа тези дека препорака ќе има, но таа ќе биде условена. Студениот туш стигна од Брисел- препорака има и таа не е условена.

Во извештајот за напредокот на земјата во евроинтеграциите неформалната Влада на Унијата вели дека земјата ги исполнува политичките критериуми да напредува во процесот на пристапување и повторува дека доколку се одвива скрининг-процесот и дискусии со Советот за создавање на преговарачката рамка, би се создал потребниот импулс за изнаоѓање на компромисно и меѓусебно прифатливо решение за прашањето за името, дури и пред отворањето на поглавја од официјалните преговори.

Препорака има и истата не е условена. Уредниците на Либертас, Нова тв, Плусинфо беа меѓу првите кои говореа дека условената препорака ќе значело обврска на Владата до ноември да ја врати опозицијата во парламентот.

-Препораката што ќе биде објавена утре е условена со напредок во независноста на судството и слободата на изразувањето. За Европската комисија (ЕК) оваа условена препорака е “одлучен чекор за да се решат прашањата на засилената политизација и растечките недостатоци во независноста на судството и слободата на изразувањето за да може препораката да остане одржлива и во наредните години”, објавуваше НОВА ТВ.

Сепак, по обелоденувањето на препораката стана јасно дека истата не е условена на никаков начин и никаде не се споменува некаква обврска до владата до ноември да ја вратела опозицијата во Законодавниот дом. Во извештајот се содржани препораки и согледувања за разни полиња што е вообичаена пракса за секој извештај.

Во извештајот се заклучува дека и власта и опозицијата треба да имаат политички дијалог. Брисел додава дека „Владата треба да и обезбеди на опозицијата можност целосно да ја исполнат својата демократска контролна функција. А опозицијата исто така треба конструктивно да влезе во демократскиот процес“.

После ова е очигледно дека добиената позитивна препорака за Европската комисија значи дека враќањето на опозицијата во парламентот е чекор кој зависи од волјата на раководството на парламентарните партии во опозиција и не преставува услов за почеток на преговори.

Откако уредниците Ацо Кабранов, Бранко Героски и Борјан Јовановски добија шлаканица од ЕК побрзаа да пронајдат услови онаму каде не постојат во извештајот. На социјалните мрежи позитивниот извештај се прокоментираа како шамар за оние кои навиваа и работеа да се изгуби препораката.