Препораки до граѓаните за заштита од високите температури

До граѓаните се препорачува за време на овие многу топли денови да се остане во затворени простории главно климатизсирани, а кога е потребно да бидат надвор за овој временски период, да најдат можност за почести одмори под сенка.

Институтот за Јавно Здравје на Македонија апелира до граѓаните да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури поради тоа што земјава е зафатена од жолтата фаза.

Се препорачува до граѓаните заштита од директно изложување на сонце, избегнувајќи излегување надвор од 11 до 17 часот, да се носи лесна облека, заштитни очила и капа, да се конзумира лесна храна и пијалоци, особено треба да обрне внимание на припремата и конзумирањето на храната, како и да се избегнуваат термички примпремени производи, како на пример мајонез од домашните јајца и внимателно да се конзумира сладолед и разни кремови, да се внесува поголема количина течности, најдобро обична вода, а да се избегнуваат алохолните пијалоци.

Најзасегнати пациенти од покачувањето на температурите се болните со хипертензија, срцеви болести, бронхијална астма, хроничен бронхитис, опструктивна хронична пнеумопатија, дијабетес, тиреотоксикоза, инсуфициенција на бубрезите, ментални и нервни болести како паркинсонова, алцхајмерова болест, шизофренија, деменција итн.

Можни се гастро-интестиналните инфекции и интоксикациите со храна. Инфекциите од храната, се предизвикуваат од салмонела, шигела итн, како на ниската лична хигиена, од јадење на неприпремен зеленчук, неприпремена или неправилно конзервирана храна како: месото, јајцата, саламите, морските плодови, млекото, салатите итн.

Интоксикациите поради храната доаѓаат од прехранбените производи со токсична содржина на стафилококус, паразити итн. Интоксикациите се случуваат од употребата на храна со поминат рок, храна што е неправилно приготвена, или неправилно стоплена итн.

Топлото време го зголеми и бројот на здравствените прегледи во Здравствените установи во земјава.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.