четврток, 30 март 2017  |  Вести денес: 53

Препораки поради невообичаено високите температури

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и во следните два дена целата територија на државата ќе биде зафатена со температури повисоки од вообичаените за овој период од годината и ќе се движат во интервалот од 25 - 32 степени.

Препораки поради невообичаено високите температури

Препораки поради невообичаено високите температури

Поврзани вести

Поради најавата за повисоки температури за овој период од годината Министерството за здравство издаде препораки за граѓаните, со оглед на тоа што, како што посочуваат оттаму, ненадејната изложеност на повисоки температури, без претходна постепена адаптација, создава чувство на поинтензивна топлина слична на температурите во јули и aвгуст и може да предизвика здравствени проблеми кај некои лица.

– За таа цел, се препорачува да се носи соодветна лесна облека, да не се престојува предолго на директна сончева изложеност, а  хронично болните лица редовно да ја земаат пропишаната терапија, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Според најавата на метео-алармот од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска и во следните два дена целата територија на државата ќе биде зафатена со температури повисоки од вообичаените за овој период од годината и ќе се движат во интервалот од 25 – 32 степени.

Најчитани вести