Препораки за заштита од високите температури

Препораки за заштита од високите температури
Препораки за заштита од високите температури

Согласно најавата од Метео-алармот на Управата за хидро-метеоролошки работи, во наредните денови, од утре до недела, подрачјето на целата држава ќе биде под влијание на многу топла воздушна маса од југ, односно температурите ќе се движат во интервал од 35 до 40 степени Целзиусови. Значителен пораст на температурите се очекува во петок и во сабота, кога постои можност целата територија на државата да биде зафатена со температури од портокалова фаза, за што Министерството за здравство во континуитет ќе информира со соодветни препораки за заштита од топлото време.

Инаку, во текот на утрешниот ден, само југоисточниот регион ќе биде зафатен со топлотен бран од жолта (алертна) фаза. Овој регион ги опфаќа градовите Гевгелија, Кавадарци, Демир Капија, Штип, Радовиш, Струмица, и околните градови и населени места, каде се предвидуваат температури повисоки од вообичаените за овој период од годината.

Граѓаните од целата држава потребно е да ги почитуваат општите препораки за заштита од високите температури, како што се:
заштита од директна сончева изложеност, избегнување престој на отворено во периодот од 11 до 17 часот, консумирање лесна храна и течности, хигиенски начин на подготовка на храната и избегнување консумација на лесно расиплива храна. За хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат пропишаната терапија.

Информации за топлотните бранови континуирано се дистрибуираат на интернет страницата www.toplotnibranovi.mk.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.