„Прес 24“: Истрагата за Фабриката за афери на СДСМ добива меѓународни димензии

Истрагата за Фабриката за афери на СДСМ добива меѓународни димензии
Истрагата за Фабриката за афери на СДСМ добива меѓународни димензии

Истрагата за Фабриката за афери на СДСМ добива меѓународни димензии. Органите на прогон преку Интерпол дошле до сознанија дека дел од фалсификуваните пасоши пронајдени во компјутерот на Чаушот, биле користени во некои од земјите кои се членки на ЕУ, пишува „Прес 24“.

Извори на истрагата потврдуваат дека Зекир Бекири, инаку член на опозициската СДСМ, бил дел од меѓународна мрежа на криминал. Според податоците, најверојатно преку криминалната мрежа тој финансирал дел од активностите за партијата.

Инаку, дел од фалсификатите кои биле изработени во работилницата биле за членови на владејачката ВМРО-ДПМНЕ. Во нивната „фабрика за афери“ сопартијците на Заев и Спасовски чувале 70.000 прислушувани разговори со кои се тргувало со криминални структури во земјата но и во регионот. Штампале и фалц пасоши и лични карти со цел да се нанесе штета на владејачката партија.

Фабриката за афери на СДСМ е еден од најголемите скандали во македонската историја, особено ако се има предвид дека во него е вмешан лидерот на опозициската СДСМ.