„Прес 24“: Пропаднаа тезите на СДСМ за фантомски гласачи

„Прес 24“: Пропаднаа тезите на СДСМ за фантомски гласачи
„Прес 24“: Пропаднаа тезите на СДСМ за фантомски гласачи
Пропаднаа тезите на СДСМ за фантомски гласачи. Критериумите по кои со вкрстување требаше да се пронајдат евентуални двојни записи покажаа дека избирачкиот список е во голема мера пречистен, пишува Пресс24.

Досегашната анализа покажала дека се идентификувани 203 случаи на записи во базата на МВР каде постои и друг запис со исто име, презиме, датум на раѓање и прва буква од татковото име. Идентификувани се 173 записи во дата базата на МВР каде постои и друг запис со исто име презиме датум на раѓање за кои нема неодамнешни записи на податоци, пишува порталот.

Пронајдени се 126 случаи под критериумот за пронаоѓање 10 избирачки места со најголем процент на гласачи кои не се родени во Македонија според дата базата на МВР.

Идентификувани се 126 гласачи кои не се родени во Македонија на овие избирачки места, не биле на избирачкиот спсиок во 2009-та и биле додадени на избирачкиот список кога имале најмалку 20 години.

izbirackiizbiracki1izbiracki2