„Пресе“: На Косово илјадници жртви, но ниту еден осуден злосторник

Петнаесет години по судирите во Косово, злосторствата не се решени, сведоците се заплашувани, а осудени се само обични војници, оценува виенски „Пресе“.

Весникот наведува дека тешко е да се приведат одговорните за злосторствата на српските сили пред лицето на правдата, но уште потешко е во случајот со поранешните припадници на ОВК.

Според медиумот, повеќе од 13.000 луѓе пред и за време на судирите од јануари 1998 до 2000 година се убиени или и понатаму се водат како исчезнати. Косово е обележано со клановски и фалимијарни структури и во таква ситуација заштитата на сведоци е речиси невозможна, оценува весникот.

„Во рок од два часа, тие дознаваат каде живее мајката на сведокот“, објаснува неименуван адвокат со искуство во истрага против злосторници од ОВК.
Правникот укажува во изјава за весникот дека сведоците често даваат исказ за време на истрагата за да ја олеснат својата свест, но потоа за време на судењето прават се“ за да ги „минираат“ своите изјави.
„Досега косовските институции доживеаја неуспех во обезбедувањето правда за жртвите на воени злосторства, и тешко ќе биде на Косово да се воспостави владеење на правото“, вели шефот на Фондот за хуманитарно право во Приштина Беким Клакај.
„Ниту Еулекс не можеше доволно да ги заштити сведоците. На сведоците им се упатувани закани или се поткупени и ги повлекле своите изјави“, наведува новинарот на приштински „Коха диторе“, Вехби Кајтази.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.