Прешернова вечер во културниот центар „Матица екслузив“

Во рамките на одбележувањето на Денот на словенечката култура, во мултимедијалниот културен центар „Матица екслузив“ од Скопје, на 8 февруари 2017 година во 18.30 часот  ќе се одржи Прешернова вечер.

За делото на големиот словенечки писател беседа ќе одржи проф. д-р Милан Јазбец, актуелен амбасадор на Република Сковенија во Република Македонија, а стихови на македонски и словенечки ќе читаат членови на Друштвото за македонско-словенечко пријателство од Скопје.

По овој повод ќе биде отворена и изложба на слики на тема  „Липицанери“ од Аленка Славинец.