Пресметка со пиштол и секира во гостиварско

Четириесетгодишниот Ш.Х од  селото Чегране пријавил дека вчера на местото викано „Јалов дол“, во атарот на село Форино додека се движел со возило бил сопрен од Г.З. од истото село кој од појасот извадил пиштол и го вперил кон него, додека И.З. кој бил со Г.З имал секира во раката му се приближил од позади и еднаш го удрил со секира во пределот на главата, при што истиот паднал на земја и почнал да крвари.

Ш.Х. потоа се оддалечил од лице место и се упатил во Медицинскиот центар-Гостивар, каде по укажаната лекарска помош бил пуштен на домашно лекување.На лице место бил затекнат и З.Б.(61) од Албанија кој работел како овчар кај З.И. и Г.З. и престојувал кај наведените лица.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.