Пресот на Јанева: Се тресеше гора, се роди глушец

Тимот на Специјалното обвинителство денеска одржа уште еден прес, со уште еден актерски перформанс на обвинителката Фатиме Фетаи, на кој само се потврди тоа што од стартот е повеќе од видливо, пристрасноста на Катица Јанева кон политиките на опозициската СДСМ и потребата по секоја цена, очајнички да се дискредитира владејачката структура во борбата да се преземе власта.

Уште еден спектакулатерен прес, на кој се презентираше поведување на истражна постапка под име „Тортура“ за случајот со апсењето на лидерот на партијата Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Осомничени се седум лица, а првоосомничен е поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање. Истрагата се однесува, како што наведе Фетаи, на начинот на кој Бошковски бил уапсен, а не на судската постапка и пресудата.

Истражната постапка од оваа диистанца е малку иронична и смешна, бидејќи изгледа дека само Јанева гледа „тортура и душевно страдање“ кај оштетениот при спроведување на апсењето, затоа што Бошкоски во присуство на неговиот адвокат Љубомир Михајловски – Џанго, има потпишано записник во кој се наведува дека тој немал никакви забелешки на приведувањето.

За разлика од првиот случај на СЈО „Титаник, за кој за сите осомничени беше побарано мерка притвор, за осомничените од „Тортура“ специјалната обвнинителка не бара притвор, туку само мерка за претпазливост и забрана за вршење на дејност одреден период за осомничените кои сеуште се вработени во МВР.

ljube-1640

Денешните тврдења на СЈО, со кои се цитираа наводни вулгарни изјави од полицајците кои го апселе Бошковски, па дури и дека го удирале по нозе и му впериле пиштол во лице, се сосема спротивни на Записникот потпишан лично од Бошкоски, во кој стои дека нема видливи повреди и дека нема потреба од лекар и други забелешки.

Бошковски е обвинет за нелегално финансирање на предизборна кампања, при што ветувал промена на уставното име и идентитетот на Македонија. За овој случај, на интернет се појавија и снимки на кои Бошкоски зема пари за својата кампања. Бошкоски сам признава дека парите кои ги добива од посредникот ќе ги користи за организирање предизборни митинзи и рекламирање во медиумите. Тој е осуден според цврсти докази и СЈО веројатно тоа многу добро го знае.

Но, за да продолжи циркузот, очигледно докази и не се потребни…. Доволно е само бескомпромисно да се крева глас со мантрата дека оваа власт треба да се смени по секоја цена.