Пресс24: ЕУ се огради од ставовите на Ванхауте

Ставовите на Ванхауте не се ставови на мисијата на Европската унија во Македонија. Од таму велат дека ставовите на Европската унија во го соопштува единствено нејзиниот прес центар. Според неофицијалните информации до кои дојде порталот Пресс 24, Мисијата на ЕУ во Скопје, предводена од амбасадорот Аиво Орав се оградува од ставовите на белгискиот филозоф.

По серијата срамни изјави на социјалните мрежи на Ванхауте со кои директно ги навреди македонските граѓани, ЕУ се огради од ставовите на олеснувачот.

Ванхауте од своето пристигнување во Македонија постојано ги провоцира македонските граѓани коментирајќи дека тие немаат европски менталитет па се под последната фотографија каде впери пиштол во нив. Затоа владејачката ВМРО-ДПМНЕ вчера излезе со став дека ја прекинува соработката со Ван Хауте. Од таму велат дека за нив белгискиот филозоф е обичен турист во Македонија и му препорачаа да го посети музејот на Македонската револуционерна борба, пишува Пресс 24.

Сепак, Ванхауте за медиумите финансирани од СОРОС денеска најавил дека ќе продолжи да ги води преговорите иако не објаснил како мисли да го прави тоа ако се има предвид дека ВМРО-ДПМНЕ најави дека нема да присуствува на ниту еден преговарачки процес кој ќе го води овој филозоф.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.