Пресс24: Фалсификатор повторно на средба со Заев во седиштето на СДСМ?

Лидерот на СДСМ Зоран Заев вчера на иста маса седеше со уште еден осуден фалсификатор. Заев вчера остварил средба со делегација на бугарската социјалдемократска партија во чиј состав се наоѓаше бугарскиот политичар Јордан Чипев од Ќустендил кој во Бугарија, но и во Македонија е познат по фалсификување на документи, лажирање на избори и нелегално поседување на забранети материи, пишува Пресс24.

Како што информира порталот политичарот Јордан Чипев, од партијата на Александар Томов, според бугарските медиуми во 2013 година бил приведен во полициската акција во Ќустендил при разбивање на група која изработувала фалсикувани документи, патни исправи и пари. Но ова не е единствената афера во која се споменува името  Јордан Чипев. Во 2008 година кај Чипев бил откриен 200 грама синтетички наркотик.

Чипев им е познат и на македонските судови. Во 2007 година Чипев беше осуден на 6 месеци условно од судот во Крива Паланка за фалсификување на исправи за возило. Исто така во 2006 година беше замешан во шверц на 33 штеки цигари кои нелегално се обидел да ги внесе од Македонија во Бугарија преку граничниот премин Ѓуешево, пишува порталот.

Чипев беше сомничен дека во 2015 година спротивно на законот се обидел на листата за општински советници од неговата партија да вметне имиња на Македонец и Србин кои не биле жители на Ќустендил.

Очигледно Зоран Заев бира со кого да соработува. Откако со неуспех му завршија обидите Фабриката за афери, лагата со фалсификувани пасоши и обрасци за возачки дозволи, сега се среќава со Јордан Чипев, бугарски политичар со богато искуство за изборни нелегалности и фалсифукувања на документи, пишува Пресс24.

Претходно во јавноста излегоа фотографии од кабинетот на Зоран Заев на кои лидерот на СДСМ се фотографираше со Захир Бекири-Чауш, одговорен за Фабриката за афери во чиј дом беа изработувани фалсификуваните лични карти и пасоши со кои манипулираше Фокус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.