петок, 24 март 2017  |  Вести денес: 50

Пресс24: Излегува на виделина цената на новите прислушувани материјали кои Заев ги објави по излегувањето на Верушевски

Излегува на виделина цената на новите 400.000 прислушувани материјали кои Заев ги објави по излегувањето на Верушевски. Катица Јанева која има мандат да води истраги поврзани со незаконско прислушуваните материјали, тргна во целосна офанзива за чистење и спас на Заев и сите обвинети во Пуч, како и нивните најблиски, пишува порталот „Пресс24“.

zaev-verusevski-janeva-640x296

Поврзани вести

Излегува на виделина цената на новите 400.000 прислушувани материјали кои Заев ги објави по излегувањето на Верушевски. Катица Јанева која има мандат да води истраги поврзани со незаконско прислушуваните материјали, тргна во целосна офанзива за чистење и спас на Заев и сите обвинети во Пуч, како и нивните најблиски, пишува порталот „Пресс24“.

Како што дознава порталот, специјалната јавна обвинителка Катица Јанева поднела барање за повлекување на предметот за „Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материјали казниво по член 396 ст.1 од Кривичниот Законик и „Прикажување на порнографски материјал на дете“, казниво по чл.193 од Кривичниот Законик“, за кој првообвинетиот во Пуч, Зоран Верушевски, беше осуден на казна затвор во времетраење од три години.

Освен овој предмет, како што пишува порталот, Катица побарала да го повлече од обвинителството и предметот за педофилија кој се води против синот на Зоран Верушевски во чиј компјутер полицијата лани пронајде голем број на материјали поврзани со детска порнографија.

Најчитани вести