ТОП

„Пресс24“: Кого лаже Катица Јанева?

„Пресс24“: Кого лаже Катица Јанева?

Порталот „Пресс24“ ги објавува двете изјави на Катица Јанева доставени до Владата на 21.09.2015 година, само една недела после нејзиниот избор за Специјален јавен обвинител.

Во првата која е наведена во барањето, Катица Јанева тврди дека не поседува стан или куќа во Скопје и бара да и се одобри на користење службен стан или да и се определи надомест за закупнина на стан во Скопје бидејќи живее на повеќе од 100 километри оддалеченост од градот, пишува порталот.

janeva-dokumenti-1

Во втората изјава приложена кон барањето, Јанева пред нотар отстапува од првата изјава и вели дека таа и членовите на нејзиното потесно семејство немаат во сопственост или под закуп стан или куќа во Скопје со површина од најмалку 80м2.

Овој исказ е сосема спротивен од првиот, а во очи паѓаат оние 80м2 кои ги нема во првичната изјава, стои во текстот на Пресс24.

janeva-dokumenti-2

Токму тие 80м2 зачудуваат бидејќи барањето на Јанева е поднесено врз одлуката за начинот и постапката за остварување на надоместокот за закупнина на стан, а во неа никаде не се споменува таа квадратура.

Имено, одлуката е јасна и таму точно се предвидуваат просторните норми во кои никаде не стои дека на Катица Јанева би и следел стан од 80м2

Одлуката точно ги пропишува условите под кои би можел да се издаде стан под закуп, наведува порталот.

janeva-dokumenti-3

janeva-dokumenti-4

Единствено логично образложение зошто специјалната обвинителка споменува дека таа и членовите на нејзиното потесно семејство немаат стан од над 80м2 е фактот дека Јанева веќе имала наведено во анкетниот лист дека на име на нејзините деца се водат два луксузни стана во центарот на Скопје кои навистина се под 80м2.

Како што вчера објавија некои медиуми Катица Јанева становите ги префрлила на име на децата непосредно пред да биде именувана за Специјален јавен обвинител, а измената во катастарот е направено дури откако го испратила барањето.

Засега нема реакции ниту објаснувања од Јанева дали становите кои се на име на нејзините деца се издаваат и добива екстра приходи од кирија, па не може да престојува во нив и мора да бара нов државен стан или постои некоја друга причина поради која одлучила да бара дополнителни средства од државата.