Пресс24: Заев подготвен да го жртвува поништувањето на аболицијата

Враќање на власт без избори по секоја цена. Ова е првиот приоритет кој врвот на СДСМ го дал како насока со намера да стане основна тема во сите контакти со меѓународните претставници, дознава Press24 од високи извори на Бихаќка.

Порталот повикувајќи се на сопствени информации, пишува дека Заев и раководството на партијата се подготвени да се откажат од поништувањето на аболицијата во замена за повторно инсталирање на нивните кадри во Владата веднаш, без разлика дали ќе има избори или не, односно, дали тие би се одржале заедно со локалните или пак во редовниот термин во 2018 година.

Дипломатски извори за Press24 ги потврдуваат овие информации и додаваат дека веќе се забележува дека СДСМ го спушта нивото бидејќи ветува конструктивност и отфрлање на политиката на блокирање проекти. Истите извори додаваат дека веќе имало и обиди за пазараења околу тоа, кои ресори би биле прифатливи за опозициската партија.

Дипломатите велат дека како аргумент во овие разговори, СДСМ го користеле фактот дека а брзо не станат дел од власта, постои сериозна опасност за силен внатрешен раздор во партијата и значително губење на влијанието во јавноста кое може да резултира со расцеп или тотално згаснување, епилог кој според СДСМ лошо ќе се одрази на демократијата во Македонија.

Во насока на напорите на СДСМ да си обезбеди власт без избори одат и последните изјави на потпретседателот Дамјан Манчевски и партискиот портпарол Петре Шилегов.

И двајцата излегоа со изјави дека набрзо ќе се формира техничка Влада без да прецизираат на што го темелат својот оптимизам.

Кажавме уште во моментот кога е направен обидот да се сруши владата од Пржино, со цел токму да се прикријат криминалите на Груевски, дека сè што направиле досега ќе погазат, ќе биде погазена и оваа влада, рече Шилегов.

За ВМРО-ДПМНЕ не проблем формирањето на техничка вада но само на 100 дена пред изборите, како што предвидува Договорот од Пржино.

На 100 дена пред избори СДСМ ќе влезе во ресорите. Договорот од Пржино немаше за цел да го внесе СДСМ во власта без избори. За тоа никогаш не сме разговарале, вели висок функционер во ВМРО-ДПМНЕ за Press24.

Сепак, на Бихаќка се уште нема расположение за излегување пред граѓаните на избори. По последните интерни анкети кои партиите ги добиле пред неколку дена, веќе никој во СДСМ не го крие разочарувањето. Истите истражувања покажале дека разликата меѓу опозицијата и ВМРО-ДПМНЕ константно се зголемува.

Во моментов сме на нивото од 2014 година. Не сакам да звучам песимистички, но ова е катастрофално. Доколку имаа некаков ефект бомбите на Заев, мислам дека со однесувањето во последните неколку месеци, тоа комплетно го загубивме, вели висок функционер во СДСМ коментирајќи ја атмосферата во партијата.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.