Престанете да ги јадете овие намирници и ќе се препородите!

Доколку сакате да симнете неколку килограми и да го подобрите својот физички статус, некои намирници треба во потполност да ги елиминирате од вашиот начин на исхрана.

1.Бел леб

Белиот леб е додаток на секое јадење во Македонија, поради тоа што е вкусен и евтин. Вистина е дека белиот леб нема никаква нутритивна вредност, освен тоа што носи многу „празни“ калории. За се да биде уште полошо, по оброкот исполнет со оваа намирница, брзо повторно се јавува глас и повторно имате желба за уште леб.

Затоа и не е чудно што научните истражувања покажале дека луѓето кои јадат многу бел леб имаат тенденција да стават вишок килограми во период од десет години.

2.Пржена храна

przenoooКомпирот сам по себе воопшто не е здрав, но може да биде особено добар ако се јаде умерено и ако биде варен или печен, со малку масло.

Меѓутоа, работите како чипсот или помфритот, кои се пржени во длабоко масло, не носат ништо квалитетно – токму како и лебот, имаат само празни калории.

Истото важи и за останатите пржени намирници, како што е похованото месо, пржениот зеленчук и останатите работи пржени во длабоко масло. Дури и крофните можат да бидат многу поздрави ако се подготвуваат во рерна.

-Пржењето е најнездрав вид на подготовка на намирници, особено ако се работи за длабоко масло.

Наместо тоа, можете едноставно да го испечете месото или да го подготвите компирот во рерна.

3.Бел шеќер

sekeerМалку намирници има кои се штетни, а толку популарни како белиот шеќер. Слатките, кои одамна се препознати како непријател на витката линија и добото здравје, не носат ништо квалитетно, а оставаат грозни последици. Не се работи само за вишокот килограми, туку и за фактите дека луѓето кои јадат слатки побрзо добиваат брчки.

-Постојат бројни замени за шеќерот, па денес можете и во потполност да го избегнете. Сепак, треба да се нагласи дека вештачките засладувачи можат да бидат опасни и дека не треба со нив да се претерува, но природните шеќери кои ни доаѓаат преку овошјето можат да бидат добра замена.

4.Преливи за салати

preliviСалатата сама по себе веројатно е најздравата работа на светот. Но, сето тоа ја губи поентата доколку врз неа сипете прелив со 500 калории, кој содржи многу сол, шеќер, мајонез и нездрави состојки.

-Најдобриот прелив за салата е комбинација од маслиново масло и лимонов сок. Сите оние купечки преливи и преливи кои ги добивате во рестораните за брза храна со „здравата“ салата се вкусни, но се нездрави и преполни со калории.