Престој до една година за странците кои имаат имот во Црна Гора

Црногорската Влада вчера го усвои предлог законот за странци, со што ќе им се овозможи на странците што имаат имот во Црна Гора да можат да престојуваат до во земјата до една година.

Досега странците, како и оние кои имаат имот во Црна Гора, можеа во земјата да останат најмногу 90 дена.

Генералниот директор на Директоратот за внатрешни работи Абид Црноврашанин изјави дека со новиот закон ќе биде регулирано прашањето на постоечките сопственици и дека ќе се стимулираат странците да инвестираат во недвижнини  во Црна Гора.

Тој посочи дека првпат, делот за странци, односно прашањето за нивниот влез и излез, престојот, пријавување за вработување, ќе биде дел од еден правен акт.