Престрелка меѓу полицијата и криминалците пред хотелот на Хондурас

Криминалци кои ограбиле банкомат , влегоа во престелка со полицијата пред хотелот во бразилскиот град Порто Фелиз , во јужната драва Сао Паоло, каде што се сместени репрезентативците на Хондурас. Испукани биле шест куршуми пред хотелот неколку минути откако тимот на Хондурас се прибрал во хотелот по поразот од Франција.

“Загрижени сме за ситуацијата и безбедноста во местото каде што сме сместени . Неколку минути пред да се случи престелката влеговме во хотелот. Некои веднаш си легнаа , додека други се подготвуваа да си заминат во собите каде требаше да се одмараат, се вели во соопштението од тимот на Хондурас.
Хондурас поднесе желба до ФИФА и до организациониот одмор на Мундијалот . Тие побараа да се засили безбедноста, по што од 40 на 50 беше зголемен бројот на полицајците кои ги чуваат фудбалерите на Хондурас