Престрелка во Чаир, нема повредени

Нема повредени во престрелка која ги вознемири жителите на скопки Чаир, кои имаа голема среќа што никој не беше погоден од испуканите куршуми.
Полицијата потврди дека се случил инцидентот и трага по пиштолџиите.

Според изјави на очевидци, престрелката се случила околу 19 часот на улицата Лазо Трповски, во близина на маркетот „Принц“. Во моментот на улицата имало многу минувачи, а две лица почнале да пукаат кон друго лице, кое возвратило на нападот. Граѓаните почнале да бегаат и да се фрлаат на улицата, а пиштолџиите по престрелката избегале. До престрелка дошло најверојатно поради нерасчистени имотно правни односи.

Полицијата врши увид на местото. Од МВР велат дека со повеќе детали за инцидентот ќе информираат утре.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.