Престрелка во трговски центар во САД, загинати четири жени

Инцидентот се случи синоќа во трговскиот центар „Каскејд“ во Берлингтон, околу 105 километри северно од Сиетл.

– Полицијата активно трага по напаѓачот, маж од јужноамериканско потекло, облечен во сива облека, изјави портпаролот на Државната патрола во Вашингтон, Марк Френсис.

Полицијата соопшти дека нема индиции оти нападот е терористичкии акт иако се уште не се познати мотивите.

– Во Вашингтон синоќа се случи трагедија. Нашите срца се во Берлингтон, напиша на Твитер гувернерот на Вашингтон Џеј Инзли

Канцеларијата на ФБИ во Сиетл соопшти дека „нема информации за евентуални нови напади“ во сојузната држава Вашингтон.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.