Престрелка во воена болница во Тексас

Вооружен маж отворил оган во клиниката за ветерани во градот Ел Пасо, во американската сојузна држава Тексас, при што загинало едно лице.

Напаѓачот е исто така убиен. Засега не е потврдено дали напаѓачот е застрелан од офицерите, кои возвратиле на нападот.