Престрелка во златарница во Дебар, двајца повредени

Две лица се повредени во престрелка која се случила денес во Дебар.

Според првичните информации неколку лица, најверојатно маскирани, се обиделе да ја ограбат златарницата, при што сопствениците им се спротивставиле. Во тој момент дошло до вооружена престрелка, а повредени се две лица, најверојатно сопственици на златарите.

Неофицијално, очевидците на настанот велат, дека едно лице е загинато.

Портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски за порталот „Курир “ вели дека кон повредените било пукано од автоматско оружје.

„Тие имаат повреди во пределот на надколениците и потколениците и се транспортираат кон Скопје. Повредените се вработен во златарата и случаен минувач“, вели Димоски за Курир.

Димоски вели дека полицијата интензивно работи на овој случај, а на терен се врши увид.

debar-1500

debar-2-500

debar-3500