Македонија,Крими хроника

Кривичен Суд Скопје Пресуда за Јордан Ристевски за „Насилството во Центар“

Пресуда за Јордан Ристевски за „Насилството во Центар“

Кривичниот суд-Скопје денеска треба да ја донесе пресудата за петообвинетиот во предметот на СЈО „Насилство во Центар“ Јордан Ристевски, кој вчера на рочиште самоиницијативно призна вина, објавува порталот „А1Он“.

Минатата недела разгледувајќи ги дејствијата за кои сум обвинет сакам да изјавам дека се чувствувам виновен и се каам за делото, изјави петтобвинетиот Јордан Ристевски, поранешен советник на ВМРО-ДПМНЕ.

Станува збор за втор обвинет во насилството во Центар кој призна вина. Адвокатот Боро Тасевски му го откажа полномошното на обвинетиот којшто ја призна вината.

„Бомбите“ на опозицијата, од кои се слуша дека Груевски му нарачува шамари на Јанакиески за тогашниот градоначалник Жерновски, се доказ во судницата. Судењето на кое ќе сведочи и Жерновски е одложено за 7. декември.

Претходно, вината ја призна и се покаја и актуелниот советник од ВМРО-ДПМНЕ и поранешен претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Центар, Томислав Лазаров, за што доби 6-месечна условна затворска казна.