Пресуда за „Шпион“ на 6 октомври

На 6 октомври ќе биде објавена пресудата за првата шпионска афера во Македонија. Обвинетите денеска ги дадоа завршните борови и  побараа ослободителна пресуда, објави Канал 5.

Поранешниот директорот на Дирекцијата за перење пари Ване Цветанов рече дека не работел против државата и обвини дека зад неговото вмешување во аферата „Шпион“ стоел сопственикот на порталот „Буре весник“, Зоран Божиновски кој ја злоупотребил новинарската професија.
Според исказот на Цветанов во 2011 на средба во Софија, Божиновски од него побарал интервју со кое ќе ги потврди неговите тези за загинувањето на Тоше Проевски, откако Цветанов го одбил Божиновски му се заканил дека ќе му се одмазди – раскажа Цветанов во судница. Нови детали во судница откри и обвинетиот Марјан Маџовски. Прстот го впери кон првообвинетиот ексразузнавачот Марјан Ефремов.

– Не сум бил дел од злосторничко здружување туку жртва на Ефремов, рече Маџовски кој додаде дека Ефремов дури му се заканувал дека ќе го смени од местотот шеф на кабинет на претседателот на собранието.

Генералот Стојков обвини дека структури од МВР му го сместиле обвинението од политички или лични причини за да му наштетат на угледот и честа. По една година од акцијата „Шпион“ судскиот процес во кој се обвинети 19 мина дојде до самиот крај.