Пресудата против Младиќ во март 2017 или подоцна

Пресудата за воениот лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ ќе биде произнесена во март 2017 или подоцна, изјави претсеателот на Хашкиот трибунал, Теодор Мерон пред Советот за безбедност на ОН.

Претставувајќи го редовниот шестмесечен извештај пред СБ на ОН Мерон истакна дека Трибуналот нема да може да ја заврши работата до крајот на оваа година, како што тоа беше предвидено во претходните одлуки на СБ.

Тој истакна дека Трибуналот ќе може да го заврши мандатот до крајот на 2017 година.

Како причини за продолжување на работата на судот, Мерон го посочи доцното апсење на некои од обвинетите, отстранување судии, лошата здравствена состојба на некои од обвинетите и сложеноста на случаите.