Пресудата за Мубарак на 27 септември

На поранешниот египетски претседател Хосни Мубарак на 27 септември ќе му биде изречена пресудата за убиството на демонстрантите.

Мубарак денеска на суд демантираше дека дека наредил убивање на демонстранти во текот на протестите во 2011 година, по што е симнат од власт во 30 годишно владеење.

Поранешниот египетски претседател минатата година беше осуден на доживотна казна затвор, но апелациониот суд ја прифати неговата жалба и наложи повторно судење.

Мубарак е пуштен од затвор и се наоѓа во куќен притвор во воената болница во предградие на Каиро.