Пресуден ден за Украина: Вонредна седница на парламентот

Пратениците на украинскиот парламент денеска ќе имаат вонредна седница за да изнајдат начин за решавање на двомесечната криза во земјата откако претседателот Виктор Јанукович попушти пред клучното барање на опозицијата да се укинат драконските закони против масовни собирања.

Вонредната седница е своевидна пресвртница во моментите кога има информации дека владата размислува за воведување на поостри мерки, па дури и вонредна состојба доколку пропаднат преговорите со опозицијата.

Американскиот потпретседател Џо Бајден го повика претседателот на Украина на разум и го предупреди дека „воведувањето вонредна состојба или носењето поостри мерки за безбедност само ќе ја разгорат ситуацијата и ќе ја затворат вратата за мирно решение“.

Јанукович се согласи на разговори со опозоцијата со цел да се укинат строгите закони со кои се забрануваат протести, додека сетот закони на кои што опозицијата немаат забелешки, пратениците денеска на вонредна седница ќе ги потврдат.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.