Пресуди за „Диво Насеље“ во јуни

Судењата за хоророт кој минатата година се случи во кумановската Диво Насеље треба да завршат во јуни. Судењето на 37 Албанци обвинети за учество во дводневната престрелка со македонските безбедносни сили во мај 2015 година во Куманово, во која загинаа 18 лица, треба да заврши за три месеци.

– „Според Законот за кривична постапка, судот е обврзан до јуни, поради тоа што обвинението е правосилно, да ја објави пресудата во прва инстанца“, изјави адвокатот, Мефаил Арслани.

Судењето за овој настан почна во февруари 2016-та година. Во почетокот на јуни минатата година, судењето започна од почеток, откако обвинителството одлучи да го спои овој предмет со друг, поврзан со овој случај, во кој осум лица се осомничени дека ѝ помагале на вооружената група.

За потсетување, при престрелките загинаа осум припадници на полцициските сили.