Пресврт: Јелена ја убил затвореник со кој наводно била во тајна врска

Пресврт: Јелена ја убил затвореник со кој наводно била во тајна врска
Пресврт: Јелена ја убил затвореник со кој наводно била во тајна врска

Нова неверојатна теорија за убиството на јелена Крсмановиќ открива српски „Еспресо“. А, тоа е дека пејачката ја убил затвореник од Забела, со кој наводно била во тајна врска!

Како што пишува портлот, затвореникот ја убил кога излегол од затворот на викенд. Времето на убиството се поклопува со овие информации, бидејќи пејачката исчезнала во саботата вечерта, а затвореникот, според оваа теорија, тој ден добил дозвола на два дена да си оди дома.

Бидејќи добро се познавале, тој бил упатен во нејзиното движење. Знаел каде и кога трча, па лесно можел да ја начека некаде покрај патеката и да го изврши убиството.

Во теоријата за злосторство од страст се вклопуваат и големиот број повреди кои убиецот и ги нанел на Јелена. Имено, таа е удирана 30 пат со дрво или безбол палка.

Наводно, мотивот се криел во тоа што Јелена на затвореникот му кажала дека и покрај долгата паралелна врска, не сака да го остави сопругот поради него.

Според „Еспресо“ и полицијата имала идентични нформации, но не може да го уапси убиецот бидејќи нема доволно цврсти докази.