Пресврт: Киднаперите случајно ја одбрале Маша

Французите кои ја киднапираа двегодишната Маша Пренковиќ, случајно го откриле девојчето додека лутале низ Белград.

Извор за српски Курир, близок до истрагата открива дека Кристин Емелин Еје (26), Нејзината мајка Алексија Горен Браншу (50) и очувот Себастијан Браншу (46) малата Маша ја избрале сосема случајно.

– Целосно е реконструирано движењето на киднаперите од моментот кога од Романија влегле во Србија, два дена пред киднапирањето на Маша. Пред доаѓањето во Белград еден ден се задржале во Панчево. Шетале по „Авив паркот“, трговскиот центар, биле во ресторанот Мекдоналдс и тука исто така демнеле дете кое би го киднапирале, вели извор од истрагата.

Откако потрагата не вролила со плод, тргнале кон Белград.

-Некое време поминале застанати покрај една детска игротека. Набљудувале, но не презеле ништо зошто не го нашле соодветно девојче. Продолжиле да лутаат низ престолнината и така завршиле во населбата Браќа Јерковиќ, каде ја грабнаа малата Маша, вели соговорникот за Курир.