Балкан

Пресврт: Таксистот виновен за смртта на Марија од Нови Сад

Пресврт: Таксистот виновен за смртта на Марија од Нови Сад

Трагедијата која што пред неколку дена ја потресе Србија, но и целиот регион, доби своевидна пресвртница.

Имено, педесет и седумгодишниот Стеван Царевиќ и непознатиот возач на црн џип автомобил добиле кривична пријава поради сообраќајната несреќа во која што својот живот го загубила Марија Милешиќ (28).

Против таксистот и се уште непознатиот возач на џипот, полицијата поднела кривична пријава поради сомнежот дека направиле тешко дело против безбедноста во јавниот сообраќај, за што е предвидена максимална затворска казна од 12 години.

Возачот на џипот се терети и за тоа што не застанал да и помогне на келнерката која што ја удрил на Сомборскиот булевар во Нови Сад.

Само како потсетување, на Марија во понеделникот налетал автомобил џип, кој веднаш избегал од местото на несреќата, а такси возилото кое што се движело зад него, поминало врз телото на несреќната жена.

nesreka
“Не го видов ударот, ниту пак кој ја удри. Јас само налетав на жената која веќе лежеше на асфалтот”, изјавил таксистот во разговорот со полицијата. Тој постојано нагласувал дека не е виновен и дека девојката одеднаш се појавила пред него.

“Таксистот кажал дека не го видел ударот, ниту пак воочил кој го возел автомобилот пред него. Тој објаснил дека не видел дека некој лежи на земјата, па буквално преминал преку нејзината глава. Дваесетина метри потоа запрел и истрчал да и помогне на келнерката, меѓутоа не можело ништо да се стори”, изјавил извор близок на истрагата за српски Blic.

Синоќа Царевиќ, како и членовите на неговото семејство, не сакале да ја коментираат кривичната пријава, додека пак од такси компанијата во која што Царевиќ работи, шокирани поради трагедијата и обвиненијата, изјавиле: “Страшно! Долго време е возач и не е проблематичен! Тивок и повлечен таксист.”.

Колегите на Царевиќ изјавиле дека тој подолго време не можел да пронајде работа во својата професија, па започнал да работи како таксист. Тие нагласиле и дека Стеван избегнувал да вози навечер и претпоставуваат дека во времето на несреќата, тој бил на пат кон својот дом.

pogreb

Погреб на Марија Милешиќ

Настраданата Марија синоќа била погребана на Градските гробишта во Нови Сад. На погребот биле присутни сите членови од нејзиното потесно семејство, многубројни роднини и пријатели, но на погребот не присуствувал и Милан Џармати, со кого Марија веќе една деценија живеела во вонбрачна заедница.

taksi-kriv-marijaiv-09

Инаку, на својот Фејсбук профил Милан пред неколку дена објавил заканувачка порака за се уште непознатиот возач на црниот џип, кој што ја удрил Марија и избегал од местото на несреќата.