Пресврт во „90+“ – Џордан останува во Клиперс

Пред една недела заминувањето на Деандре Џордан од ЛА Клиперс во Далас беше готова работа, а само неколку дена подоцна се случи комплетен пресврт, еден од најбараните центри во НБА останува во Калифорнија.

Како што јавуваат добро упатени извори, Џордан најпрвин прифатил четиригодишен договор со Далас вреден 80 милиони долари, но потоа одлучи да му се заблагодари на Далас и да потпише петгодишен договор со Клиперс, „тежок” неверојатни 110 милиони долари!

Според изворите, управата на Клиперс допатувала во Хјустон за да преговара со Џордан и на крајот успеала да го убеди да остане во сончевата Калифорнија уште пет години, и покрај тоа што постоеше договор со Далас.

Со тоа Клиперси го решија најголемиот проблем, со оглед на тоа дека по заминувањето на Џордан останаа без центар.