петок, 25 ноември 2016  |  Вести денес: 25

Пресврт: Жена е вмешана во убиството на Јелена

Полицијата се сомнева дека во убиството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33) е вмешана и една жена чијшто идентитет засега не се открива, пишува српски „Курир“.

jelena-ubistvo

Поврзани вести

Полицијата се сомнева дека во убиството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ (33) е вмешана и една жена чијшто идентитет засега не се открива, пишува српски „Курир“.

Во рамки на истрагата на злосторството за коешто досега постоеа сомнежи за три членови на семејството извршен е претрес на станот на семејната кума Вера, а се испитува и нејзинвиот однос со Зорица Марјановиќ, свекрвата на покојната пејачка од која што таа не се дели. Исто така, се проверува и односот на убиената Јелена и нејзината свекрва.

Кумата Вера исто така живее во Борча, а била испитувана и нејзиниот стан бил претресен затоа што таа е во блиски односи со семејството Марјановиќ.

Дојдоа на адресата каде таа живее во Борча и од куќата однеле некои предмети, го гледаа и станот… Таа тогаш на пријателите им се пожалила: Зарем и мене да ми го претресуваат станот! Инаку кумата Вера постојано е во куќата на Марјановиќ, а во свекрвата на Јелена гледа како во икона. Откако Јелена е убиена таа не излегува од нивниот дом, а таму е постојано, открива еден од соседите на Марјановиќ.

Најчитани вести