Претениците ќе заминат на одмор по ребалансот на Буџетот и разрешувањето на Зврлевски

Најдоцна до 8 август се очекува да завршат пленарните седници на кои ќе треба да се изгласа ребалансот на Буџетот, како и да биде разрешен јавниот обвинител Марко Зврлевски, по што пратениците ќе може да заминат на годинепн одмор.

Од СДСМ во неделата најавија дека доколку е потребно, парламентарното мнозинствот ќе се откаже од одморот, инсистирајќи особено на разрешувањето на јавниот обвинител Марко Зврлевски, кое беше и првото јавно барање искажано од премиерот Зоран Заев по добивањето на мандатот. Во владејачката партија очекуваат двете седници, за разрешувањето на Зврлевски и за ребалансот на Буџетот да завршат најдона до 8 август.

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, во интервју за државната агенција МИА, рече дека одморот на пратениците ќе почне од 4 август, а краен рок да ги распише локалните избори е 6 август, кои би се одржале на 15 октомври.

„Одморот на пратениците ќе почне од 4 август, а има можност да почне и од 6 август затоа што засега нема никаква иницијатива во однос на локалните избори и ако вака останат работите, 6 август е краен рок да ги распишам локалните избори и со тоа да почнат да течат роковите и организацијата во однос на локалните избори и потоа би работеле до почетокот на предизборната кампања до 25 септември“, рече Џафери.

Џафери на 21 јули најави дека дебатата за ребалансот на Буџетот ќе заврши до 3 август, кога ќе биде изгласан ребалансот. Во меѓувреме, тој ќе свика продолжение на барем три заостанати седници, меѓу кои и онаа за разрешување на Зврлевски.