Претеничка и градоначалник од СДСМ повредени во несреќата кај Удово

Во тешката сообраќајна несреќа којашто се случи во саботата вечерта патот Демир Капија – Удово, потешко е повредена пратеничка на СДСМ од Валандово, Мери Лазарова, а со полесни повреди се здобил градоначалникот на Валандово од истата партија, Перо Костадинов

Според информациите на, Лазарова е итно пренесена во Ургентниот Центар во Скопје, со повреди на главата и телото.

До несреќата дошло кога автомобилот „опел корса“ со кој управувала 33-годишната Лазарова, налетал на одрон и се превртел.

Вечерва околу 18,30 часот на магистралниот пат Демир Капија – Неготино патничко моторно возило „опел корса“ со гевгелиски регистерски таблици, управувано од М.Л. (33) удрило во одрон и се превртело. М.Л. е пренесена во Ургентен центар во Скопје, а сопатникот П.К. (30) во болницата во Кавадарци, информираа вчера вечер од МВР.