СДСМ: Претепан директорот на Паркинзи Центар

Директорот на Паркинзи Центар Саша Богдановиќ вчера вечер бил претепан пред својот дом, соопшти портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Според информациите на опозициската партија, Богдановиќ бил претепан од две маскирани лица кои му нанеле тешки повреди.

Од МВР го потврдуваат случајот и информираат дека е приведено лицето М.Д (28), активен во навивачките кругови.

Првите неофицијални информации говорат дека станува збор за пресметка меѓу навивачки групи.