Претепан и ограбен чувар од Штип

Додека 53-годишниот Т.Ј. од Штип, вработен како чувар на пумпи, вчера бил на работно место, две непознати лица му извршиле разбојништво.

Напаѓачите со употреба на физичка сила му одзеле два мобилни телефони, а потоа избегале.

-Имено, лицата имале намера да сечат дрва во близина на бунарите, при што Т.Ј. им рекол дека не може од тука да сечат дрва, по што тие физички го нападнале, удирајќи го со тупаници во пределот на главата. На оштетениот му е укажана лекарска помош во Клиничка болница Штип каде му се констатирани тешки телени повреди по што истиот е препратен во Клинички центар Скопје, информираат од полицијата.

По преземени мерки во СВР Штип е приведено 16 годишно лице од Штип за кое постојат сомненија дека е можен сторител, по целосно документирање на случајот ќе биде поснесен соодветен поднесок.