Претепан и ограбен дваесетгодишен гостиварец

Дваесетгодишниот Л.Ј. од Гостивар вчера бил нападнат од група разбојници на улицата „Мајор Чеде Филипоски“.

Разбојниците му одзеле мобилен телефон и паричник во кој имало 500 денари и лични документи.

Оштетениот бил пресретнат од едно лице кое му побарало запалка и откако му ја дал, во истиот момент од страна на лицето бил фатен за јакната барајќи пари, по што Л.Ј. се обидел да избега, но бил пресретнал од други лица, кои физички го нападнале и му ги одзеле наведените предмети.

По преземени мерки приведени се лицата Б.Л.(19), А.Ф.(26) и Е.Х.(22) сите од село Добридол, а по целосно документирање на случајот против лицата ќе биде поднесен соодветна пријава.