Претепан кочанец пренесен на Клиника во Скопје

Педесет и деветгодишен маж од Кочани вчера бил тешко повреден, откако негов сограѓанин го удрил со тупаница в лице, по што паднал со главата на рабник и задобил тешки повреди.

Околу 18 часот вчера на улицата Страшо Пинџур во Кочани З.З.(38) од Кочани со тупаници го удрил по лице Љ.К.(59). Удрениот паднал на рабникот и ја повредил главата, по што е однесен во Здравствен дом Кочани за да му биде укажана  лекарска помош, а поради сериозноста на повредите е пренесен на Клиниката за неурологија во Скопје.

Полицијата трага по избеганиот напаѓач, а најавува дека по целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена пријава.