недела, 4 декември 2016  |  Вести денес: 0

Претепан малолетик во Битола

Непознатото лице почнал да го влече и да го удира со раце во пределот телото. Оштетениот се повлекол и заминал во студентскиот дом во собата на неговите другари, каде осетил болка во левото рамо, при што кога се соблекол забележал крв.

тепање

Последни вести

Во клиничката болница-Битола, 17 годишник  во присуство на неговиот татко З.Ј. пријавил дека на 16.10.2016 година околу 21:00 часот,  додека се движел по улицата Сотир Брбевски бил пресретнат од страна на непознато лице кое му побарало пари.

Откако му рекол дека нема, тој му се заканувал дека ќе му ја запали куќата и го навредувал со погрдни зборови  по што оштетениот вербално му возвратил.

МВР денеска соопшти дека непознатото лице почнал да го влече и да го удира со раце во пределот телото. Оштетениот се повлекол и заминал во студентскиот дом во собата на неговите другари, каде осетил болка во левото рамо, при што кога се соблекол забележал крв.

Се обиделе да го сопрат крварењето, а потоа со такси возило го однеле во болница, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Истиот на 17.10.2016 година пријавил „самоповредување“ бидејќи бил исплашен од настанот.

СВР-Битола презема мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

Најчитани вести