Претепан маж од Рашче во ТЦ „Лептокарија“

Околу 15 часот вчера, 31-годишен жител на Рашче физички бил нападнат од неколку лица во кафе бар во ТЦ „Лептокарија“ во Скопје.

Тој заедно со ќерка на негов пријател отишол во кафе барот да разговараат за вработување и додека стоеле во летната тераса, забележал дека влегле С.Х., Ф.В., И.Д. и уште две непознати лица, кои биле во униформи на агенција на обезбедување. Кога се доближиле до него почнале веднаш, без повод и причина, да го удираат со тупаници и со пендреци во пределот на главата и телото.

Кога паднал на земја без свест продолжиле и со клоци да го удираат по целото тело. Напаѓачите потоа го изнеле од кафе барот и го однеле позади едно казино.

Кога пристигнале полициски службеници на местото на настанот повикале Брза помош, која го однела В.П. во Ургентен центар каде му биле констатирани повреди во пределот на главата, телото и десната нога.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.