Претепан и ограб ен кичевец

Вчера во 06.40 часот во Скопје на бул.„Мајка Тереза“ во ПМВ „Порше Каен“ со белгиски национални ознаки, две непознати лица извршиле разбојништво над С.К. (42) од Кичево.

Сторителите притоа му одзеле една чанта во која имало околу 40.000 денари, неколку мобилни телефони и други лични  предмети. Откако го сториле делото истите заминале во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.