Претепан ракометарот Арон Палмарсон

Во Рејкјавик, додека се обидувал да седне во такси заедно со својот братучед, физички е нападнат ракометарот на Кил и репрезентативец на Исланд Арон Палмарсон.

„Се на што се сеќавам е дека беа двајца, дека јас лежев на земја и дека луѓето потоа заминаа“, вели Палмарсон.

Палмарсон е доволно повреден за да не е во состојба да настапи за Исланд на подготвителните средби против Германија, кои на 4-ти и на 5-ти јануари ќе се играат во Рејкјавик.

Сепак, според исландскиот селектор Арон Кристјансон, не е доведено во прашање учеството на Палмарсон на СП во Катар.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.