Претепана пијана девојка

Пијана 17-годишна девојка синоќа била донесена во тетовската болница со повреди на лицето и скршен заб.

Според информациите од полицијата, девојката додека се движела по улицата „Илинденска“ била нападната од машко лице кое ја удирало по главата со тупаници, по што случаен минувач ја однел во тетовската болница за да и се укаже лекарска помош.

Полицијата ги превзема сите мерки за расчистување на случајот.