Претепани двајца полицајци

Млад скопјанец и браќа од Крива Паланка вчера, на две различни локации, истепале полицајци. Насилниците подоцна се уапсени и против нив се поднесени пријави.

МВР извести дека вчеравечер во близина на Т.Ц. Мавровка во Скопје С.К. од Скопје истепал полицаец, притоа удирајќи го со тупаница во  во стомакот. Вчера вечер пак на бензиска пумпа во Крива Паланка браќата Д.Ц. и Ц.Д. прво навредувале, а потоа претепале полицаец.