Претепани гости и газда на локал во Скопско поле

Три непознати лица во понделеникот вечерта околу 21,30 часот, со бејзбол палки физички го нападнале сопственик на угостителски објект во Скопско поле, соопшти во вторникот Министерството за внатрешни работи.

Разбојниците нападнале и повеќе гости кои биле во локалот. Ги удирале по главата и телото, при што се повредени Ш.М. (33), Н.Б. (38), К.М. (23), сите од Трубарево, Р.В. (34) од Кавадарци и А.Ј. (29) од Скопје.

Никој од повредените досега не побарал лекарска помош. Се преземаат мерки за пронаоѓање на напаѓачите и за целосно расчистување на случајот.