Претепаниот украински опозиционер Дмитро Булатов ветува дека ќе ја продолжи борбата

Претепаниот украински демонстрант, чијашто приказна за мачење ја шокираше Европа и кој се лечи во Литванија, денеска изјави дека ќе ја продолжи борбата за демократија во својата татковина.

„Иако физички сум уни[тен, мојот дух не е скршен,“ порача Дмитро Булатов во соопштението кое го објави болницата каде синоќа стигна на лечење.

„Ќе продолжам да се борам, ќе продолжам напред и ќе се заложувам за демократијата во Украина. Нема да потклекнам,“ додаде 35 годишниот активист кој тврди дека неидентификувани киданпери во Украина го „распнаа“.

Булатов, мината недела се појави на телевизија со отечено лице обвиено во крв и изјави дека бил киднапиран и мачен поради учество во антивладините протести во Украина.Тој е лидер на движењето Аутомајдан кој организираше протесно возење пред имотот на претседателот Виктор Јануковиќ во близина на Киев.