Претепано момче кај Олимписки базен

Кривична за учесници во тепачна во Ресен
Кривична за учесници во тепачна во Ресен

Деветанесетгодишно момче е повредено со остар предмет во петокот вечерта откако учествувал во тепачка кај Олимпискиот базен во центарот на Скопје.

Лекар од Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ вчера во 19,50 часот во СВР-Скопје пријавил дека кај нив бил донесен со повреди Е.Ј. (19) од Скопје.

Кај Олимписки базен при тепачка, од страна на непознато лице, со остар предмет му била нанесена повреда во вид на расекотина во пределот на левата надлактица.

 

Бил задржан на лекување. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.