Претепано момче во автобус број 57

А.П. (23) од Скопје утрово бил брутално претепан во автобус на ЈСП, со број 57, од страна на поголема група лица чиј идентитет сè уште не е утврден.

Момчето завршило во болница и поради сериозноста на повредите е задржан на понатамошно лекување.

Инцидентот се случил кога автобусот кој сообраќал на реалција од населба Козле до населба Радишани, се наоѓал на пешачкиот мост на улицата Цветан Димов. Повредениот се качил во автобусот на постојката кај ГТЦ, влегол во задниот дел од автобусот и тогаш добил удар од тврд предмет во задниот дел од главата, по што наслиниците продолжиле да го тепаат.

Од полицијата велат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.