Претквалификациите за Евробаскет 2021 Македонија ги почнува на гостински терен

(Фото: gol.mk)

Кошаркарската репрезентација на Македонија во ноември ќе учествува во претквалификациите за Европското првенство 20121. „Црвено-жолтите“ се во групата А заедно со Словачка и со Швајцарија.

Претквалификациите имаат три „прозорци“ во чии рамки ќе бидат одиграни натпревари „дома-гости“. Борбата за пласман во евроквалификациите ќе започне во ноември оваа година, а ќе заврши во јули идната 2018 година. Македонија првиот натпревар ќе го одигра на гостински терен.

Распоред на натпреварите:

23 ноември, 2017 година
Словачка – Македонија

26 ноември, 2017 година
Македонија – Швајцарија

25 февруари, 2018 година
Македонија – Словачка

28 јуни, 2018 година
Швајцарија – Македонија.

Само првопласираниот ќе обезбеди место во квалификациите.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.